Камерата на iPhone, иако не е најдобрата камера на светот во споредба со некои специјализирани фотографски и филмски камери, вади прилично импресивна слика за нејзините способности и цена. Во најновата верзија таа има 8 мегапиксели, што ќе се согласиме дека е сосема доволно за стандардното сликни-кога-сакаш однесување на новите генерации.
Сепак, зошто да не се искористи истата за друга намена, па дури и за медицински цели? Истото прашање го поставиле и научниците од Беркли кои измислија нов, евтин уред кој со помош на iPhone може да стане микроскоп за откривање на штетни микроби во крвта.
Принципот на работа е следниот: 3Д-испечатен дел во кој се сместува iPhone. Потоа, примерок со крв се сместува во посебна дупка од страната на делот. Со помош на систем на леќи се фокусира камерата на iPhone на малите составни делови од крвта. Посебната апликација прави фотографии на 5 секунди, кои пак потоа автоматски ги анализира и изјавува дали постои шанси за заболување со штетни микроби.
Користењето на мобилните телефони за други намени него првично за што се замислени не е ново. Претходно пишувавме за нивно користење како сеизмички сензори за откривање на земјотреси како и за виртуелна и надградена реалност, а со камерата често постојат интересни намени кои досега се искористени. Камерата на iPhone е една од поквалитетните за преносни уреди и очекуваме дека ќе се најдат и други намени за нејзе понатаму.
Извор: Berkeley, MedicalXpress, Engadget