40-2

Користејќи ја нафтата во секојдневниот живот многу често некој би помислил дека истата се користи во главно за таа намена – напојување на возила и агрегати. Малкумина знаат дека нафтата е во основата на огромната петрохемиска индустрија. Оваа индустрија се занимава со производство на најразлични секојдневни и несекојдневни производи како средства за чистење, сапуни, парфеми, пестициди, алкохоли, винил, поливинил хлорид (PVC), текстилни влакна, пластика, стирен и така натаму. Имајќи предвид дека сето ова се произведува од нафтата, прашањето е дали е можна нејзина замена во производството со некоја друга „сировина“?

Изгледа дека има „спас“, а тој се наоѓа во бактериите. Луѓето подолго време ги користат бактериите за да произведуваат најразлични производи или да си помагаат при разни процеси. На пример, често се користат за ферментирање на оцет, квасецот е бактерија исто така, а сирењето, кашкавалот и јогуртот се произведуваат со користење на бактерии.

Многу лекови се создаваат со помош на бактерии. Во нашиот организам живеат многу бактерии кои прават добро и го олеснуваат процесот на варење на храната (Bifidobacterium animalis), создаваат млечна киселина и други позитивни ефекти.

Bacillus sibtilis

Тоа најчесто го прават преку производите од нивните природни внатрешни процеси на обработка на разни материи и произведување „деривати“. Овие деривати се најчесто разни ензими кои претставуваат катализатори за најразлични процеси.

Па така, една бактерија која често живее во нас, Bacillus subtilis, создава ензими со кои се произведуваат детергенти за облека, за истите да бидат поефикасни. Истата се користи за производство на хијалуронска киселина која телото ја употребува за најразлични функции како заштита и поправка на кожата и градење на лигаментите. Се користи и за производство на амилаза, која е корисна за разградување на скробот во шеќери.

Ензимите на Bacillus subtilis можат да се употребуваат во секакви процеси кои би ја замениле нафтата како основа сировина од која треба да се произведуваат деривати.

Од друга страна, фотосинтетичките цијанобактерии произведуваат сопствена „заштита при сончање“ која може да се искористи за создавање на масла за сончање кои не се базираат на деривати од нафта. Сегашните кои се произведуваат се составени најчесто од масло дериват од нафта и метал-кислород честички кои ги блокираат УВ зрачењата.

Разни други бактерии можат да се користат за претворање на отпадните води или ѓубрето во супстанци и хемикалии кои можеме да ги искористиме позитивно за нас, а кои би можеле да ја заменат потребата да бидат создадени од нафта.  Ваквото префрлање од индустрија базирана на нафта кон базирана на бактерии може да се докаже позитивина на долг рок, па макар и за ефектот на смалување на цената на сировата нафта која помалку ќе биде во побарувачка.

Извор: IFScience

Претходна статијаViewsonic V55 – Еден од првите телефони кои ќе можат да се отклучуваат со скенирање на шареницата
Следна статијаMicrosoft ги претстави Lumia 435 и 532, најевтините Lumia телефони до сега