Тој што ја следел технологијата на микрочипови во некој детал знае дека зголемувањето на процесорската моќ не може да трае бесконечно. Всушност, тензијата да се следи Законот на Мур предизвика произведувачите на чипови да ја префрлат топката кај произведувачите на софтвер, преку натрупување на повеќе јадра на истиот чип место зголемување на брзината на чипот.
Проблемот е што со намалувањето на големината на транзисторите до одредена точка има позитивни придобивки, а потоа многу негативни. При намалувањето се намалува потрошувачката и топлината која излегува од чиповите бидејќи се работи за практично помали грејни тела, но по достигнувањето на одредена граница намалувањето делува негативно – се зголемува потрошувачката на енергија, се зголемува зрачењето на топлинска енергија, а воедно се зголемува и отпорот на проводниците па брзината на патување на податоците се намалува.
Нова технологија која ветува многу во тој поглед е графенот, односно, листови и туби од јаглеродни атоми кои се дебели само еден атом. IBM, знаејќи за ограничувањата во микрочиповата технологија, се ангажира за да ја развие употребата на графенот за оваа цел. Проблемот со графенот е проблем на секој кабел, бидејќи оставени сами на себе тие се виткаат и заплеткуваат.
Сепак, од IBM објавија дека пронашле начин како да ги држат исправени и да ги наредат во наместени редови без да се деформираат (погледнете на фотографијата погоре). Воедно, тие пронашле начин како да залемат контакти од молибдениум на нивните краеви. По мерењата откриле дека и покрај тоа што вака конструираните транзистори биле далеку помали него сегашните стандардни, тие немаат зголемување на отпорот поради комбинацијата од јаглерод и молибдениум.
Ова е значаен напредок во оваа технологија која можеби ќе овозможи продолжување на развитокот на транзисторите до уште помали димензии без начекување на негативните нус-појави и барем до некаде повторно следење на Законот на Мур.