Индија конечно ги престигна САД кога станува збор за најолема соларна централа лоцирана на едно место. Како една од најнаселените земји во светот, Индија успеа да направи и да пушти во употреба соларен парк кој што може да произведе близу 650 мегавати електрична енерија која што може да ја користат околу 150.000 семејства.
Колку за споредба, досега рекордот го држеше американската држава Калифорнија со производство од околу 550 мегавати во нивниот соларен парк наречен Топаз соларна фарма. Знаејќи го натпреварувачкиот дух на американците, не би не изненадило ако во иднина видиме ваква слична или дури и поголема соларна централа во САД.
Еден од најинтересните факти поврзани со оваа соларна централа која што се наоѓа во Индија, е тоа што секојдневно се чисти од страна на роботи кои што и самите се поврзани на соларни панели од каде што се напојуваат со електрична енергија.
Целиот проект се проценува на огромни 679 милиони долари и е финансиран од страна на Адани групацијата. Оваа плантажа е дел од планот кој што Индија го има за намалување на употребата на фосилни горива во производството на електрична енергија. Оваа држава сака до 2030 година производството на енергија од фосилни горива да биде намалено за 40%.
Сето ова е во корист на државата Индија, но и пошироко, затоа што се наоѓаат во топ 10 загадувачи во светски рамки. Колку за споредба, во Њу Делхи кој што има 25 милиони жители и 8,8 милиони возила, на почетокот на ноември се затвориле 1.800 училишта со цел да се заштитат милион ученици.
Извор: Huffington Post, Inhabitat