
Пред нешто повеќе од две години Microsoft ја започна фазата од својот Project Natick која подразбираше потопување на цел дата центар под вода. Поточно, дата центарот, сместен во посебно направен „сад“ налик мала подморница, беше потопен во близина на брегот од Шкотска.
Целта на овој експеримент е да се открие дали воопшто е можно да еден дата центар функционира во вакви услови, а замислата воопшто е да со тоа им се овозможи пристап на крајбрежните населени места кои ги има многу.
Исто така, поставувањето под вода, може да овозможи уникатна можност за системот за ладење да функционира поефикасно, а се споредува до некаде и со системот кој го користат подморниците.
После 2 години под вода, Microsoft го извади дата центарот и ги анализираше информациите кои беа собирани овој период. Заклучокот е дека еден ваков дата центар сигурно може да функционира, а исто така има предности кои секако беа очекувани.
Главната информација која е добиена е дека многу помал број на сервери се имаат расипано во споредба со стандардните дата центри, дури за една осмина. Причината за тоа се наоѓа во тоа што во овој дата центар наместо кислород е користен гасот нитроген, поради што се намалуваат ситуациите на корозија, а исто така и температурата е пониска.
Како втора причина, интересно, се истакнува и движењето на луѓето, како и поместувањата и потурнувањата кои ги прават, нешто што дополнително влијае во проблем со работата на серверите.
Ова е секако само концепт којшто од Microsoft сериозно размислуваат да се користи официјално во иднина, а посебно што живееме во време на „cloud computing“, а потребата од серверите само ќе расте.