Во првиот момент кога како мали деца ќе се загрцнеме од езерската вода стануваме свесни дека ефикасноста на нашите бели дробови да го извадат кислородот од водата е катастрофална. Кога понатаму ќе сакаме да погњуриме подолго време, не` облекуваат со тешки и незграпни одела кои на себе имаат прикачено огромни боци со компресиран воздух, како би можеле да направиме подолго подводно истражување. Но со најновиот создаден материјал изгледа дека на таквите времиња им доаѓа крајот.
Таканаречениот Aquaman кристал е материјал базиран на кобалт врзан во органски моилекул кој е создаден од научниците од Универзитетот од јужна Данска. Овој материјал има неверојатна способност за акумулирање на кислородот од својата околина при што доволни се неколку мали парчиња од овој материјал да се акумулира целиот кислород од една нормална соба. Потоа, истиот може да се ослободи преку загревање на материјалот или со негово извлекување преку вакуум, а научниците се моментално во процес да откријат дали кислородот би можел да се ослободи од кристалот користејќи светлина. Интересната работа со овој материјал е што неговата способност за акумулирање и ослободување од кислород е практично неограничена бидејќи не се оштетува и не се намалува неговата способност за врзување на кислородот. За процесот на акумулација на кислородот снимен под микроскоп погледајте го следното видео:
Aquaman кристалот во суштина врши слична хемиска реакција како нашиот хемоглобин, но се базира на кобалт место на железо. Се претпоставува дека ќе најде одлична примена при апликации на гњурење или подводни истражувања бидејќи има тројно поголем капацитет за задржување кислород од боците под притисок кои се користат денес. Притоа доволно би било само мало парче од овој материјал за еден гњурец да нема проблеми со времето поминато под вода бидејќи материјалот ќе го зема кислородот од самата вода. Тој исто така ќе може да се примени при третирање на дишни болести бидејќи пациентите нема да има потреба веќе да носат толку тешки боци со себе за да можат да дишат.
Извор: TheMindUnleashed, Mashable