ultrafastthe

Роботика веќе одамна е интересен дел од науката, а со развојот на технологијата гледаме се повеќе видови на работи кои што стануваат покорисни и попаметни. Роботските раце постојат одамна и се користат во разни делови од индустријата, како и нови области кои што наоѓаат намена со нивниот развој. Меѓутоа една работа која што е карактеристична за работите е нивното прилично бавно движење во споредба на човечкото.

Научниците од Швајцарскиот федерален институт за технологија (École Polytechnique Fédérale de Lausanne (EPFL)) имаат развиено прототип од роботска рака која што се движи доволно брзо за да може да ги фати објектите кои што се фрлени накај неа. Оваа рака ги прави движењата за пет стотинки од секунда, што е доволно да може да го фати било кој објект фрлен во нејзин правец. Објектите кои што се фрлаат спрема раката се тениски рекет, полупразно шише со вода, тениско топче и слично. Овие објекти ја покажуваат способноста на раката поради нивната форма, односно раката треба да го фати рекетот точно за рачката, а не на било кој дел и со тоа ја покажува комплексноста на алгоритамот кој што работи во позадина. Раката е со големина од 1,5 метри, со зглобови на 3 места кои што и овозможуваат разни движења.

Начинот на кој што оваа рака успева да ги направи овие брзи движења е преку имитација на движењата од човекот. Ова е начинот на кој што и луѓето учат, па научниците сметале дека тоа е и најдобриот начин да се направи оваа рака, нешто што обично на другите роботски раце им треба многу повеќе време да го направат. За таа цел, човек ги прави движењата на раката неколку пати, при фрлање на разни објекти спрема неа, со што таа ги „учи“ движењата. Потоа со помош на алгоритамот кој што треба да ги прави пресметките во моментот на фрлање на објектите, успева да ги фати без никакви проблеми.

Оваа роботска рака планирано е да ја најде својата намена на пример во вселената, односно во земјината орбита која што е полна со остатоци кои што се закана за сателитите кои што орбитираат. Исто така раката може да биде користена на места каде што е потребна грижа за безбедноста на луѓето, па таа на пример би можела да служи за фаќање на луѓето при паѓање.

Извор: Engadget, Phys.org

Претходна статијаПрвиот телефон со Брајово писмо за слепите лица
Следна статијаGoogle во преговори за купување на Twitch сервисот за 1 милијарда долари ?
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.