До скоро време научниците беа лимитирани кога станува збор за имитирање на луѓето или животните и нивните механички движења. Како што поминува времето тие граници се намалуваат се повеќе. Така во Тунис се најавува револуција во полето на механиката преку создавање на турбини на ветер кои имаат „крила“ и имитираат птици, поточно колибри. Зошто колибри? Затоа што се единствените птици кои што можат да лебдат во место.
Оваа иновација наречена Tyer Wind е дело на Anis Aouini којшто ја претстави во облик на 3D модел. Tyer Wind се базира врз механизам кој што овозможува слично движење на „крилата“ како кај колибрите кога летаат (лебдат) во место. Содржи две вертикални оски направени од карбон фибер, со должина од 1.6 метри. Една ваква турбина на ветер се очекува да биде во можност да создаде 1kW електрична енергија.
Од компанијата Tyer Wind велат дека ова е прв пат механичка направа успешно да имитира движења на птица. Пилот проект на оваа механичка направа моментално се тестира во Тунис. Компанијата вели дека првичните резултати кои што се постигнати се охрабрувачки. Ова се однесува на резултатите на ефикасното производство на електрична енергија, аеродинамичното однесување на механизмот и издржливоста на матерјалот којшто се користи. Сепак најавуваат дека нема да објават официјални резултати се додека не помине подолг период на тестирање.
Анимацијата на работата на оваа турбина е изработена во 3D Aouinian kinematics, исто како што се изработени анимации за многу други механички иновации како што се мотори со внатрешно согорување, мотори со надворешно согорување, пумпи итн.
Извор: Inhabitat, ZMEscience