Вакуум лампите кои се користеа во најразлични електронски уреди и дури и компјутери од минатото, се уште наоѓаат примена во некои денешни уреди, како на пример аудио засилувачи од високата класа поради нивната одлична спроводливост на струја. Токму оваа предност на вакуум лампите може да се примени во чиповите и да ја зголеми нивната брзина.

На ова веќе работат истражувачи од UC San Diego, според кои денешните чипови кои се базираат на силициум имаат проблем со спроводливоста на струја, што значително ја намалува брзината на движење на електроните и со тоа целосната брзина на чипот. Вакуум лампите пак го немаат овој проблем и евентуално би можеле да ја покачат брзината на процесорите, кои според сите истражувања ќе го стигнат зенитот кога големината на силициумските транзистори ќе стигне до 7 nm.

Сепак и вакуум лампите имаат слабости, а тоа е воопшто да се предизвикаат да пуштаат електрони на нано ниво. За да го постигнат тоа, научниците примениле ласер со пониска сила и кој работи на струја од само 10 вати, доволен за да исфрли електрони од злато. Процесор изработен од вакви лампи и погонуван од ласер може да има до 1.000% подобра спроводливост и може да функционира како транзистор.

Засега оваа технологија е само доказ дека не мора да се ограничуваме на силициумот за изработка на компјутерски чипови, но според научниците таа би можела навистина да се примени. За тоа, тие планираат да продолжат со истражување на лимитот на перформансите на лампите, со цел да се види можноста за комерцијални апликации.

Извор: Engadget

Претходна статијаiPhone 8 ќе може безжично да се полни на неколку метри оддалеченост?
Следна статијаDell работел на Windows 10 телефон со Intel лаптоп процесор