tibbits-02

Веројатно повеќето кои го следат нашиот портал се запознаени со 3Д принтерите, иако можеби немале вистински допир со нив. Тие се принтери кои овозможуваат „печатење“ на материјали и форми во 3Д простор кои потоа можат да се употребуваат за најразлични намени (оружје, ограчки, модуларни телефони, алатки за домаќинството… и кои веројатно ќе ги заменат стандардните фабрички производни ленти. Но дали имате слушнато за 4Д печатење?

4Д печатење, барем според пионерот во оваа гранка Скајлар Тибитс, претставуваат еден специфичен тип на „роботи“ кои го воведуваат времето како четврта димензија во 3Д печатењето. Во својата основа се работи за 3Д отпечатени објекти кои по печатењето можат да ја сменат и прилагодат својата форма во однос на тоа како се очекува од нив да изгледаат и каква функционалност треба да имаат. Тие имаат и вградени сензори кои им овозможуваат на тимот на Тибитс да контролираат колку се остварила некоја трансформација на материјалот. Некои од материјалите на кои што работи Тибитс се базираат на јаглеродни влакна отпечатени во одредена форма и патека. Потоа врз нив се печати некој друг материјал (на пример дрвна пилевина). По загревање со одредена температура јаглеродните влакна се виткаат во форма која била предвидена од проектантот така заземајќи го крајниот облик.

Тимот на Тибитс разгледува можност да создаваат автомобилски спојлери кои исто вака ќе реагираат на температурните разлики од триењето на воздухот и ќе ја менуваат својата форма, така помаѓајќи го управувањето на автомобилот, што веројатно прво ќе се примени во некои елитни натпреварувања како Формула 1.

Тибитс верува дека со ваквото печатење ќе може да се обработат сите видови на материјали и истите да се употребуваат во редовните човекови активности за производство на мебел, делови, алати и слично.

Извор: Wired, MIT

Претходна статијаSamsung го претстави Project Beyond, камера наменета за Gear VR
Следна статијаUbuntu MATE 14.04 LTS достапен за симнување