unispectral

Оваа технологија се користи скоро еден век за откривање на хемиската структура на вселенските тела. Иако можеби не е возможно (засега) да отидеме до Андромеда и да земеме примероци од ѕвездите и планетите таму, можеме да ја дознаеме хемиската структура со анализирање на спектарот на светлина што го испуштаат тие.

На Универзитетот во Тел Авив, Израел се развива камера што ќе биде доволно мала за да се вметне во паметен уред и да може да ја врши истата функција.  Користејќи хиперспектрално фотографирање ги фотографира електромагнетните бранови кои се уникатни за секоја субстанца, потоа ги споредува со база на податоци во која веќе ги има внесено вредностите за електромагнетните бранови кои ги испушта секоја супстанца, и со споредба се одредува хемиската структура на тоа што е фотографирано.

Професорот Дејвид Мендлович е тој што ја развива технологијата на Унниверзитетот во Тел Авив, но иако технологијата постои на поголеми размери, се’ уште нема камера доволно мала што би се вградила во паметен уред.

Моментално во изработка е функционален прототип кој би бил спремен за употреба во јуни оваа година, додека основниот систем и концепт веќе е демонстриран на Светскиот Конгрес за Преносни Уреди во Барселона.

Оваа технологија би ја подобрило работата на агенциите за национална безбедност (особено на аеродроми, железнички и автобуски станици), исто така во уредите што ги користи човек во секојдневието (на пример, фотографирате пијалак за да проверите да не случајно има подметнати дроги). Дополнително оваа технологија би се користела и во автоиндустријата, биотехнологиите и слично.

Извори: Gizmag, Wikipedia

Претходна статија7 годишно момче го пробива TouchID обезбедувањето на iPhone
Следна статијаLG G4 ќе биде официјално претставен на 28-ми Април