Скопје, 17 април 2024 г. — Компанијата Samsung Electronics денеска за прв пат на нашиот пазар претстави нови уреди од категоријата бела техника кои се веќе достапни за купување, но и дискретно најави нови ТВ приемници и паметни звучници, кои на пазарот ги очекуваме кон средината на мај. Ова беше можност компанијата, која е пионер во технолошките достигнувања, да потсети за практичната примена на вештачката интелигенција, која не е само тема за која се зборува последните години, туку реалност која наоѓа сè поголема примена во секојдневниот живот.

Што има ново во паметниот дом на Samsung?

Фрижидерите во 2024 година: Повеќе простор, подолготрајна свежина, паметно складирање храна

Фрижидерот со долен замрзнувач со режим SmartThings AI energy и сеопфатно ладење RB6000 Wide BMF носи иновативен дизајн и многу повеќе простор за складирање храна. Режимот AI Energy Mode во апликацијата SmartThings заштедува до 15% енергија, а покрај тоа што ја одржува храната посвежа подолго време, обезбедува и заштеда на сметката за електрична енергија. Благодарение на паметните функции, тој е ефикасен и при одмрзнување, бидејќи ја регулира температурата врз основа на претходните шеми на употреба и условите во околината. Изработен е од најнови материјали, но и покрај тенките ѕидови, тој има совршена изолација со помош на технологијата SpaceMax™. 

Фрижидерот RF9000T “French Door” се издвојува како идеално решение за големи семејства кои бараат ефикасно ладење на големи количини храна. Овој фасцинантен уред содржи и Beverage Center™ за подготовка на пијалаци, со чија помош е можно да се подготват освежителни пијалаци или вода со вкус. Со функциите SmartThings Energy храната останува свежа долго време и на тој начин се зачувува нејзиниот природен вкус и мирис. Со помош на тројното ладење, ладен воздух се испорачува до три прегради во фрижидерот и замрзнувачот. Фрижидерот одржува оптималната температура и влажност во секоја од преградите и осигурува храната да не привлече други мириси. 

Машини за перење со вештачка интелигенција

Вештачката интелигенција најде своја примена во една од најомразените домашни работи – перењето алишта. Најновите машини за перење кои доаѓаат од лабораториите на Samsung ќе перат повеќе алишта додека заштедуваат електрична енергија до А-40%. Технологијата за вештачка интелигенција овде ќе придонесе за подобрување на перформансите на перење за пократко време, притоа заштедувајќи вода и енергија.

Моделите како WM8400 и WM7400 ги олеснуваат дури и најсложените домашни работи, со капацитет за перење до 11 килограми алишта. Единственото нешто што вештачката интелигенција не може да ви го реши е – како да ги испеглате сите испрани алишта?

Со технологијата Ecobubble, овие машини за перење темелно ќе ги исперат алиштата во ладна вода, додека вештачката интелигенција ќе пресмета колку прашок е доволно, земајќи ја предвид валканоста на облеката.

Со помош на вештачката интелигенција, перењето е лесно и ефикасно, бидејќи вашата машина ги „памти“ вашите навики, предлага соодветна програма за перење и навреме ги прикажува потребните информации. Апликацијата SmartThings, исто така, дава совети за програмирање, креира планови и решава проблеми. SpaceMax™ обезбедува повеќе простор во машината за да можете да перете повеќе алишта, вклучувајќи големи ќебиња и постелнина.

Одбројување до почетокот на продажбата на нови ТВ приемници и ѕoundbar-звучници

Според досегашното искуство, компанијата Samsung го резервира крајот на април за презентација на нови ТВ приемници и ѕoundbar-звучници. И во оваа категорија, покрај исклучителниот квалитет на сликата и звукот, се очекува голем фокус на вештачката интелигенција од една страна, но и на безбедноста од друга страна, за што компанијата Samsung веќе доби Сертификат за општи критериуми (CC)

Претходна статијаДали гласањето е право на избор или обврска?Дали е до нив или до тебе е?
Следна статијаТркалезна маса на тема развој на македонскиот фриленс екосистем