6Ig0fYa1BZVa.878x0.Z-Z96KYq

Гејмерските мауси веќе подолго време не добиваат некои поголеми подобрувања, освен во сензорот и ергономскиот дизајн. Сепак, SteelSeries, еден од најголемите производители на вакви компоненти, има некои вистински подобрувања во новиот Rival 700, кои би требало да ги привлечат хардкор гејмерите.

Она што прво паѓа во очи од спецификациите на новиот Rival 700 е секако OLED дисплејот во предниот лев агол (нема да биде видлив за оние што играат со лева рака). Овој мал дисплеј може да прикаже многу информации, како и да пушта модифицирани гифови по желба на играчот.

На пример, дисплејот може да покажува какво оружје користите во играта, колку енергија имате останато или пак информации за наместената сензитивност на сензорот (максимум 16000 dpi) или пак за “Macro” опциите на вградените копчиња (можност за користење на повеќе команди во играта, само со клик на едно копче). За да може целосно да биде искористен OLED дисплејот, играта треба да е специјално развиена за овој маус, но тоа секако е очекувано.

DSC02991

Секако, многумина од гејмерите и нема да бидат претерано израдувани од дисплејот – многу од тие информации можат да се видат и во самата игра, без да се тргнува погледот од тоа што се случува на екранот. Затоа Rival 700 има уште еден адут во ракавот, а тоа е фидбекот со вибрации. Сите кои играле на некоја играчка конзола, а веројатно тоа го имаат направено многу од вас, имаат почувствувано тресење на џојстикот кога ќе ве удри непријателот или слично. Отсега, тоа ќе можете да го почувствувате и со овој маус и тоа без да се расипе прецизноста на сензорот во тој момент.

На крај, не помалку важна е и можноста за модифицирање. На Rival 700 ќе можете лесно да му го смените сензорот за некој кој повеќе одговара на вашите потреби или пак да му го смените кабелот – како на пример пластичен или плетен.

Сите овие новитети имаат и своја цена – Rival 700 чини 110 евра. Сепак, за хард кор гејмери кои вложуваат многу повеќе пари во самите компјутери, ова е само ситница, која може живот да значи. Во игрите, секако.

Извор:  Engadget, PC Gamer, Tom’s Guide

Претходна статијаТехнологијата и здравиот живот – дел 3 – Паметни практики и трикови
Следна статијаD500 – Професионалниот APS-C апарат на Nikon се враќа на сцената