Сигурно нема некој од нас кој што е нешто почесто на интернет и чита разни статии на разни веб страни, да нема сретнато некој од таканаречените тролови. Ова се луѓе кои што во делот за коментари на веб страните или социјалните мрежи, оставаат такви коментари кои што најчесто предизвикуваат негативни реакции кај другите.
Со оваа појава, културно наречена антисоцијално однесување, се занимаваат неколку истражувачи од познати американски универзитети. Тие во соработка со неколку страни, во овој случај, cnn.com, breitbart.com и ign.com имаат направено истражување кое што вклучувало следење на коментарите на корисниците, нивните оценки и реакции во период од година и пол.
Целта на ова истражување е пронаоѓање на карактеристиките на корисниците кои што прикажуваат антисоцијално однесување со цел да се изработи алгоритам кој што ќе ги открива во раната фаза од коментирањето.
Ваквите коментари се нешто што веб страните сакаат да го сведат на минимум поради тоа што тие предизвикуваат нелагодност, а често и навреда кај другите учесници во дискусиите. Тоа може да предизвика поврзување на негативното искуство со веб страната, па помала посета од страна на тој корисник.
Алгоритамот кој што го развиваат истражувачите има уште додека биде навистина ефикасен. Моментално тој успева да ги забележи 80% од потенцијалните тролови, односно таканаречени Идно банирани корисници.
Во периодот од година и пол, тие успеале да направат следење на повеќе од 1,7 милиони корисници, со повеќе од 40 милиони објави и 100 милиони гласања на коментарите.
Заклучоците кои што биле донесени покажуваат одредено карактеристично однесување на таканаречените тролови. Тие најчесто коментираат на одреден број на статии, а не на повеќето од страната. Исто така, нивниот начин на пишување се разликува од останатите, а е со помало ниво на читливост и со многу печатни и граматички грешки. Периодот во кој што тие коментираат предизвикува поголеми негативни реакции кај корисниците, односно тие не го менуваат своето однесување и го влошуваат со тек на време.
Извор: TechXplore, Arxiv.org
Фото: Wikipedia