Фото Philipp Katzenberger на Unsplash

Microsoft постави построги правила за инсталација на Windows 11, за разлика од претходните верзии од системот. Едно од правилата е компјутерот да има TPM модул и тоа втора верзија, па можноста за пробивање на некои од софтверските решенија кои го користат овој модул, не оди баш во прилог на компанијата и нивните тврдења.

Конкретно, безбедносен истражувач преку YouTube видео прикажува колку лесно и брзо може да се пробие TPM модулот, а со тоа и BitLocker, функција во Windows која овозможува шифрирање на дисковите на компјутерот и заштита на податоците во случај на кражба, на пример.

Треба да се истакне сепак дека тоа што е презентирано функционира само во ситуациите кога компјутерот има посебен TPM чип, а не како поновите компјутери каде чипот е интегриран во процесорот.

За да дојде до клучевите за отклучување на BitLocker, истражувачот ја пресретнува комуникацијата помеѓу TPM чипот и процесорот, нешто што интересно се случува во обичен текст, односно комуникацијата не е шифрирана.

Тој со помош на Raspberry Pi Pico успева за помалку од една минута да го отвори компјутерот, да се поврзе директно на плочата и да ја пресретнe комуникацијата.

Со добивањето на клучевите од BitLocker се пристапува до сите податоци на дискот, исто како и да не биле шифрирани.

Ова секако не е нешто што ќе ги засегне многу обичните корисници. Сепак, не е дека тие ги губат своите компјутери или тие се украдени често, па некој да може да пристапи до нивните податоци, односно да се погоди доволно способен да го направи истото.

Видеото во продолжение ја објаснува целата процедура за тие кои ги интересира техничкиот дел.

ИЗВОРTechSp
Претходна статијаНовата серија Samsung S24 донесува вештачка интелигенција која ја трансформира комуникацијата
Следна статијаApple претстави три апликации за Windows кои ќе ја заменат старата iTunes
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.