Фото: Shutterstock.com

Познато е дека не така мал број на малициозни додатоци успеваат да бидат објавени на Chrome Web Store, официјалната продавница за додатоци од Google. Овие додатоци со тек на време се откривани од страна на компанијата и се отстрануваат од продавницата соодветно.

Корисниците доколку не ги следат новостите поврзани со оваа тема, може да не дознаат дека некој од додатоците кои ги користат е тргнат од Chrome Web Store.

Chrome ќе почне да ги известува корисниците кога користат некој ваков додаток, односно додаток кој е тргнат од продавницата, а причината за тргањето не мора секогаш да бидат малициозен код.

Дека некој од инсталираните додатоци веќе не е на Chrome Web Store корисниците ќе добиваат информација во Privacy and Security делот од Settings.

Оваа новина ќе стане официјално дел од Chrome со наредната верзија од прелистувачот, односно со Chrome 117.

Инаку, трагањето на некој додаток од Chrome Web Store не значи дека тој додаток бил малициозен. Програмерот може да го има тргнато сам, истиот може веќе одамна да не е надграден и слично, па без разлика на причината, корисниците подобро е да не продолжат со користење на ваквите додатоци.

ИЗВОРBleeping Computer
Претходна статијаПо T Phone, доаѓа T Tablet
Следна статијаGalaxy S24 и S24+ можно е да дојдат со рамни страни како кај iPhone
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.