Фото: Shutterstock.com

Apple вчера ја пушти iOS/iPadOS 17.5.1 надградбата која може да се каже дека дојде до некаде како изненадување, а и не донесе никакви новини. Истата донесе само исправка на грешки од кои главната беше грешката за која изминатиот период се пишува од неколку корисници.

Грешката која беше исправена правеше да стари избришани слики, дел од нив и од пред повеќе години, се појавуваат во галеријата на корисниците. Ова е нешто што секако не би требало да е можно да се случи, а избришаните слики остануваат само 30 дена во посебен дел од Photos апликацијата во случај корисникот да сака да ги врати.

По истекот на овие 30 дена, сликите би требало целосно да ги снема, како од уредот на корисникот, така и од iCloud, односно од серверите на Apple.

Еден корисник пријавува дека стари слики се имаат појавено на уред кој го има продадено, значи ги има избришано сите податоци на него, барем така тврди.

Apple засега нема дадено официјално објаснување за оваа грешка со сликите, а ќе треба да даде поради фактот што ова е доста сериозна грешка.

Оваа грешка е доста сериозна поради тоа што Apple отсекогаш се промовираат себеси како компанија која се грижи за приватноста на своите корисници. Појавата на слики кои треба да се избришани години претходно значи дека тие слики не се бришат навистина и остануваат неограничен период.

Ова барем така личи, а чекаме на Apple да излезе со објаснување, кое секако ќе го провериме и со луѓето кои се разбираат на темата и ќе излезат со анализа.

ИЗВОРThe Verge
Претходна статијаЛегендарниот шкотски детектив се враќа на Pickbox NOW во ексклузивна премиера
Следна статијаСкопско ве повикува на голема еко-акција во Охрид
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.