Здружението Гоу Грин Скопје по трет пат го објави повикот за младите да ги поднесат своите идеи и потреби кои ќе допринесат за зелени општини и истиот може да го пополнат на следниот линк. Овој повик е наменет за младите (15-29) од Општина Аеродром, Кисела Вода, Чаир, Куманово, Гостивар и Прилеп, општини со кои здружението соработува од почетокот на мандатот на градоначалниците со цел да ги пренесе потребите на младите.

Овој процес започнува со собирање на идеите и барањата, селектирање на истите според надлежностите на општината и на крај нивно доставување до градоначалниците. Градоначалниците на овие шест општини во нивната предизборна кампања се заложија преку оваа соработка да ги реализираат барањата на младите за нивните општини да бидат зелени. Добри примери за реализација на овие барања се велопетека во о.Кисела Вода како и поставување на столоби на тротоарите во о. Аеродром.

„Заедно со младите еко-активисти сакаме заедно да придонесуваме во младинската инфраструктура во општините, и да придонесеме за нивна едукација кон одржливи навики, кои директно ќе влиајат врз околината.“ – Арта Ќерими, програмски координатор.

Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина Гоу Грин Скопје веке 13 години продолжува да инвестира во идните еко-активисти и подобрување на младинската инфраструктура.

Младите не се вклучени доволно во донесување на одлуки во општините, а во поголемиот дел од нив не се оформени ни локалните младински совети, па така преку овој процес ги пренесуваме гласот и потребите на младите во нивната општина. Потребите на младите секоја година се менуваат, затоа континуирано треба да ги прашуваме и дискутираме што е тоа што тие сакаат да го видат како зелена промена во нивната општина.

Се повеќе сме сведоци на влијанието на климатските промени. врз нашиот свет. Зголемувањето на температурите, екстремните метеоролошки појави и поплавите не се само загрижувачки вести – тие се реалноста со која се соочуваме.

Твојот придонес – независно дали станува збор за организирање на настани, образование или практични акции – е од суштинско значење во овој колективен напор кон одржлива и здрава планета. Затоа ги охрабруваме сите млади да дадат свој придонес со поднесување на еко-предлог за позелена општина.

Преку создавање и прикажување на добри практики меѓу локалните самоуправи и младите луѓе за локални теми поврзани со заштитата на животната средина и климатските промени ја зајакнуваме демократијата и вклученоста на младите во донесувањето на одлуки.

Претходна статијаWhatsApp работи на мал, но доста потребен редизајн на својата Android апликација
Следна статијаSamsung ја открива комбинираната машина за перење и сушење алишта BESPOKE AI™ на IFA 2023 година