Купивте нов смартфон со читач за отпечатоци на прстите и сигурни сте во безбедноста на податоците на него? Размислете повторно – читачите за отпечатоци нудат одредена заштита, но се далеку од тоа што може да го пружи добра лозинка според истражувачите од Универзитетот во Њујорк и Универзитетот во Мичиген.

Но, зошто е тоа така? Бидејќи системите за читање на отпечатоците кај смартфоните не се ни од далеку толку напредни. Имено, тие зачувуваат одредени линии од отпечатокот, но не целиот отпечаток (читачот е премногу мал за тоа), а со цел побрзо вчитување. Затоа, според новите наоди на истражувачите, тие можат да бидат излажани со “Master Prints”, односно отпечатоци кои ги имаат линиите кои најчесто се вчитуваат од скенерите.

Во нивните истражувања, ваквите “Master Prints” успевале да го излажат читачот во 65% од случаите, што е извонредно висока бројка. Поточно, ќе се надоврзам на тоа што е напишано погоре, оној кој би сакал да пробие ваков систем, би требал да погоди една од околу 30 слики од отпечатокот на корисникот, односно не мора да го погоди целиот отпечаток.

Др. Насир Мемон, кој е главен на истражувачкиот тим, вели дека ракавица со “Master Prints” на прстите може да пробие iPhone во 40-50% од случаите, без притоа да премине преку 5-те пробувања. Од Apple сепак велат дека шансите да се пробие нивниот читач се една во 50.000, а има и веројатност во тоа скенерите кои ги користеле научниците да не се на нивото на оние во iPhone.

Сепак, многу корисници имаат евтини телефони со читач за отпечатоци, кој веројатно има доста понизок квалитет на смартфоните од високата класа. Затоа, препорачливо е претерано да не се потпирате на читачот за отпечатоци, особено во апликациите во кои имате важни податоци и информации.

Извор: NY Times, Mashable

Фото: Mashable

Претходна статијаУште 19 дена до Виз Ер Скопски маратон
Следна статијаYouTube воведе LiveStream преку мобилен телефон, но под еден услов