Новиот трејлер за Pirates of the Caribbean 5, кој излезе неодамна, освен што нуди објаснувања за мотивациите на главниот негативец Captain Salazar (Javier Bardem) и личното минато кое го дели со Jack Sparrow,  на фановите на франшизата им понуди блиц сцена во која се гледа младиот Will Turner како капетанот на проколнатиот брод the Flying Dutchman. Orlando Bloom и неговиот лик го „одседоа“ четвртиот дел во 2011, но дечките кои работат маркетинг во Disney долго време цупкаа околу идејата да го вратат Will или на екранот, или да вметнат навестувања за можноста тој да се вклопи во приказната. Бидејќи во трејлерот се појавува само на момент, се потрудивме да ја испитаме загатката со неговото појавување во POTC5 и празните полиња да ги пополниме со шпекулации :)

Да се потсетиме: во третото продолжение Will ја остава Elizabeth, веќе назначена за кралица на пиратите, за да го замени Davy Jones како капетан на Flying Dutchman и заради неговата клетва, нема да може да стапне на копно 10 години. По завршните кредити на At World’s End, го видовме Will како се враќа по 10 години да ја види Elizabeth и нивниот речиси 10-годишен син. Оваа сцена може да биде клучна во развојот на приказната на Dead Men Tell No Tales и можните идни продолженија на франшизата.

Едната варијанта вели дека, според зборовите на Bloom, Disney сака да ја рестартира приказната со тоа што фокусот ќе го стави на Will и неговиот син. Слоганот во трејлерот гласи „Започнува последната авантура“ (“The Final Adventure Begins”), што би требало да значи крај за авантурата на Captain Jack Sparrow. Исто така шпекулација е дека ново-воведениот лик Henry, млад морнарички офицер кој го глуми Brenton Thwaiths, е всушност возрасниот син на Will Turner, бидејќи од сите ново-воведени ликови, само неговото презиме не и е познато на јавноста. Thwaits исто така има изјавено дека сижето на POTC5 се врти околу млад човек кој го бара својот татко Davy Jones (кој е всушност Will Turner).

Will Turner во трејлерот за POTC5

Главниот „тригер“ во Dead Men Tell No Tales е Трозабецот на Посејдон – Jack Sparrow го бара за да го спречи Salazar да ги збрише пиратите од земјата и воедно да се спаси себеси. Ако Henry навистина го бара татко си и/или сака да му помогне, тогаш Трозабецот му е потребен и нему. Тоа е можно објаснување зошто млад офицер од Кралската Морнарица, кој нема амбиции да смени кариера, би стапил во алијанса со пират.

Според сево ова, делува дека улогата на Will Turner во Dead Men Tells No Tales е слична на онаа на Rick Deckard во Blade Runner 2049 – на почетокот, протагонист од претходно издание во франшизата е исчезнат, што е поттик за помлад лик, кој има потенцијал да ја продолжи приказната во идни продолженија, да го бара протагонистот од причини битни за сижето. Оттука можеме да изведеме и дека POTC5 нема да изведе a ла Force Awakens момент, односно: да го остави појавувањето на Will Turner за крајот од филмот.

Премиерата на Pirates Of The Caribbean 5: Dead Men Tell No Tales e закажана за 26 мај, што значи дека нема да чекаме уште многу за да ги потврдиме или поништиме овие интересни шпекулации. Се гледаме во кино!

Претходна статијаWindows Server ќе работи на ARM чипови
Следна статијаGalaxy S8 и S8+ ќе чинат 799, односно 899 евра?