На овој ден пред 25 години, тоа е во 1990 година, беше претставена првата верзија на Adobe Photoshop. Развојот на кодот кој што подоцна прераснува во Photoshop започнува уште во 1987 година од страна на Thomas Knoll, а во 1989 година Adobe ги купува правата за развој на програмата. Важните настани во сите овие години на развој на Photoshop се претставени од страна на Adobe во овој посебно направен документ.
Photoshop денеска претставува незаменлива алатка на сите професионални и аматерски корисници кои што работат со слики и слични објекти. Оваа програма е до толку масовно користена, што нејзиното име се користи за означување на активноста на промена на сликите, односно сите го знаеме изразот дека одредена слика е фотошопирана или слични.
За одбележување на денешниот ден, Adobe претстави видео направено од различни изработки од корисниците кои што ги испраќаа своите дела за оваа намена. Видеото е кратко, но ја покажува можноста која што им ја нуди на креативците кои што активно ја користат програмата.