Фото: Adobe

После повеќе години на достапност на прилично „слабата“ Photoshop Express апликација, Adobe оваа недела ја претстави нивната Photoshop апликација за мобилните. Истата веднаш им е достапна на корисниците на iOS, а до крајот на годината се најавува пуштање и на Android верзија. 

Тоа што е посебно добро е што апликацијата е целосно бесплатна за сите, односно не е замислена да се користи ексклузивно од корисниците кои плаќаат за десктоп верзијата од Photoshop. 

Секако, можноста за измена на слики и достапните функции на десктоп и мобилната апликација не можат да се споредат, но Photoshop за мобилните дефинитивно е одлична и доста напредна апликација која ги нуди дел од функциите на десктоп. 

Тоа значи дека корисниците ќе можат да работат со познатите слоеви, достапни се и маски, а тука е и вештачката интелигенција која доста помага при селектирањето на објекти, тргање или исправање на одредени делови, како и генерирање на целосни слики. 

Adobe со претставувањето на апликацијата најави и подобрување на веб верзијата од Photoshop заедно со нов пакет наменет за дополнителни функции за мобилната и веб верзијата. Photoshop Mobile & Web претплатата ќе ги чини корисниците 7,99 долари месечно, а ќе имаат одредени понапредни функции за разлика од бесплатната верзија. 

ИЗВОРAdobe
Претходна статијаDeepSeek ќе гледа да ја претстави наредната генерација од нивниот јазичен модел најбрзо што може
Следна статијаApple наводно го имаат решено проблемот со линијата при превиткување на екранот за iPhone на преклоп
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.