CmNf5E2WYAATmg_

Именувањето на Android N испадна досега најинтересен процес, поради подолгиот период на чекање, но и оставањето заедницата да дава свои предлози за кои потоа не беше јасно дали навистина ќе бидат земени во предвид.

Како и да е, името на најновата верзија од овој оперативен систем е официјално објавено и тој ќе се вика Android Nougat.

Новото име било соопштено од страна на Google во нивниот кампус во Калифорнија преку Snapchat, а исто така е официјално потврдено преку Twitter.

Името и на оваа верзија, како што и се знаеше дека ќе биде, е во стандардниот стил на именување на платформата според одреден десерт.

Повеќе за досега објавени информации за карактеристиките на Android Nougat, кој ќе стане достапен за корисниците од есен, можете да прочитате тука.

Извор: Android Central, Twitter, TNW