По најавата на финалистите пред две недели, Apple сега ги прогласи и победниците на App Store Awards 2023. Листата содржи 14 апликации, поделени според уредите на кои се достапни и категориите.
„Инспиративно е да се видат начините на кои програмерите продолжуваат да градат неверојатни апликации и игри кои го редефинираат светот околу нас“, рече Тим Кук, извршен директор на Apple. „Овогодинешните победници го претставуваат неограничениот потенцијал на програмерите да ги оживеат своите визии, создавајќи апликации и игри со извонредна генијалност, исклучителен квалитет и мисии насочени кон целта“.
Како најважна категорија секако ја сметаме таа за апликација на годината на iPhone. Оваа година ова место оди кај AllTrails апликацијата која им овозможува на планинарите детални мапи од повеќе планини во светот. Изборот во нашата земја не е баш најдобар, но се надеваме дека ќе се подобри.
Апликација на годината на Mac е прогласена апликацијата за работа со слики Photomator, додека оваа позиција на Apple TV ја доби MUBI. На Apple Watch апликација на годината е SmartGym.
Целата листа на апликации, на која има и игри, можете да ја погледнете тука.