Првпат после 13 години, Samsung не е на првото место според бројот на продадени смартфони во една година. Оваа позиција за 2023 ја презеде Apple, а тоа го имаат постигнато со раст на продажбата и покрај пад на продажбите генерално на пазарот за 3,2%.
Првата позиција Apple ја презема со продадени 234,6 милиони уреди, што претставува раст од 3,7%, додека Samsung падна на втората позиција со продадени 226,6 милиони уреди, што е пад од 13,6%.
Пазарниот удел од Apple сега изнесува 20,1%, додека тој на Samsung 19,4%.
Останатите позиции ги држат Xiaomi со 12,5% пазарен удел, по што следува OPPO со 8,8%.
Падот на бројот на продадени уреди во 2023 изнесува 3,2%, но затоа во последната четвртина има раст од 8,5%, поради што се очекува добар почеток на 2024, како и генерално за годината.
Samsung ја држи првата позиција од 2010 година, па покрај кратки промени во одредени квартали, ова е првпат компанијата да биде симната од позицијата за вкупните продажби во целата година.
Како дел од причините за растот на Apple се смета и зголемувањето на уделот на премиум уреди, односно раст на популарноста на највисоката класа на уреди кои сега учествуваат на пазарот со 20%.