apple-event-okt-2013-f

Еден од главните начини на кој што Apple ги продава своите производи во Русија е преку нивната веб страна, односно преку онлајн продавницата. Сепак според статистиките оваа земја не претставува голем дел од продажбите од оваа компанија, а според информациите од вкупно продадени 153,4 милиони iPhone уреди минатата година, во Русија се продадени 1,57 милиони.

Во изминатиот период руската рубља почна да бележи пад на вредноста, а тоа дојде до израз посебно во изминатите недела дена кога истата падна за околу 20%. Ова претставува проблем за компаниите, а посебно странските кои што мораат да работат со курсот на валутите. Падот на рубљата прави да цените на одредени производи изразени во оваа валута, будат покачени соодветно.

Поради големиот пад на рубљата изминатиот период, Apple донесе одлука привремено да ја исклучи онлајн продавницата за руските корисници, односно да ја прекине продажбата на своите производи.

„Нашата продавница во Русија е моментално недостапна додека ја разгледаме ценовната политика. Им се извинуваме на корисниците за било какви непријатности.“ – Изјава на Alan Helywrote за Bloomberg

Извор: Bloomberg, Wired

Претходна статијаАпликации за наоѓање работа и „паметни телефони“: Лекција за „невидливата рака на пазарот“
Следна статијаBlackBerry го претстави Classic, нов телефон за старите љубители на овој бренд
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.