По тргањето на двата најнови паметни часовници од онлајн продавницата, Apple од вчера ја прекина продажбата на Watch Series 9 и Watch Ultra 2 и од нивните физички продавници.

Доколку во текот на денешниот ден претседателот Бајден не се одлучи да стави вето на одлуката од ITC – International Trade Commission, тогаш Apple нема да може да продолжи со продажбата на овие паметни часовници додека не успее да се договори со компанијата Masimo.

Оваа компанија е „одговорна“ за прекинот на продажбата на часовниците, а поради повеќегодишниот спор кој го имаат со Apple и тврдењето дека тие користат технологии патентирани од нивна страна.

Одлуката од ITC се однесува на технологијата за мерење на кислородот во крвта, иако Masimo има проблем со повеќе технологии поврзани со здравствените функции.

Продажбата на Watch Series 9 и Watch Ultra 2 останува надвор од САД, а исто така другите продавници во земјата имаат право да ги продадат залихите кои ги имаат, што значи дека сепак уште одреден период и во САД ќе може да се купат овие производи.

Apple очекувано ги отфрла обвинувањата за користење на патентирана технологија, па ќе видиме на кој начин ќе одлучат да се справат со овој не баш мал проблем.

ИЗВОРApple Insider
Претходна статијаTomTom во соработка со Microsoft ќе донесат вистински асистент во автомобилите
Следна статијаChrome доби неколку новини поврзани со безбедноста и перформансите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.