Неофицијално најавената дата за септемврискиот настан од Apple сега е официјално најавена од страна на компанијата. 12 септември, вторникот за нешто помалку од две недели, е денот кога Apple ќе го одржи својот настан на кој ја претставува новата генерација од нивните телефони.

iPhone 15 серијата ќе биде главниот дел од настанот кој ќе привлече најмногу внимание, но како и секогаш, на овој настан ќе ги видиме и новите генерации од Apple Watch, оваа година и од Apple Watch Ultra, а тука се и AirPods слушалките.

За iPhone оваа година е важна. Корисниците на овие телефони конечно добиваат USB-C приклучок, па ќе можат да ги користат истите кабли кои ги имаат за сите свои уреди. Секако, Apple се тука да направат сертифицирање на каблите, па нема секој кабел да може да ја извади максималната поддржана брзина на полнење и пренос на податоци, но за голем број корисници тоа не е ни важно.

Сепак, поголемите промени може да се очекуваат кај Pro моделите од серијата. Додека „основните“ модели ќе останат прилично исти, со исклучок на воведување на Dynamic Island, Pro моделите ќе добијат нов чип направен на 3nm технологија, помали рамки околу екранот, мало заоблување на аглите од рамката, која ќе биде направена од титаниум и слично.

Настанот како изминатите години ќе биде претходно снимен, со тоа што Apple ќе ги прими новинарите да присуствуваат и да го гледаат претставувањето, а и да ги видат новите уреди.

Преносот ќе биде достапен во живо преку страната на Apple, како и преку YouTube каналот на компанијата со почеток во 19 часот по македонско време.

ИЗВОРApple
Претходна статијаПо десетдневна пауза Linus Tech Tips го објави првото видео
Следна статијаНови најави за враќање на Exynos чипот кај европските Galaxy S24 модели
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.