Фото: Shutterstock.com

Amazon Web Services – AWS, еден од неколкуте најпознати и масовно користени „сервери“, во текот на денешниот ден имаше сериозни проблеми поради што недостапни беа повеќе сервиси низ светот. 

Големи се шансите дека и корисниците во Македонија користат некој од сервисите кои не беа достапни во текот на денот, неколку часа, а тие ги вклучуваат такви како Signal, Snapchat, Facebook, Prime Video, Ring, Fortnite, Perplexity и други, меѓу кои и банкарски системи и други бизниси низ светот. 

Проблемот е поврзан со DNS сервисите, кратко кажано, а истиот сега е решен, па сите погодени сервиси веќе треба да се вратени во целосна функција. 

Моменталниот статус на AWS сервисите може да се провери тука