Passkeys се новиот начин за најавување на онлајн сервисите кој полека добива се поголема популарност, односно се поголем број на корисниците почнуваат да ги користат.
Безбедноста, а и приватноста, доаѓаат од фактот што корисниците не мора да имаат и да внесуваат лозинка, па најавувањето се прави преку овој „клуч“ кој е зачуван на уредот на корисникот. Искористувањето на клучот, а и потврдата на идентитетот се прават преку биометриската автентикација на уредите, односно преку отисок од прстот, скен на лицето и слично.
Bitwarden воведе можност за креирање и чување на „passkeys“ во ноември минатата година, но за почеток оваа поддршка беше додадена само на десктоп, односно преку екстензијата од сервисот.
Сега корисниците ќе можат да ги користат, како и да креираат нови passkeys преку нивните мобилни, односно поддршката дојде и кај мобилната апликација на Bitwarden.
За корисниците на iOS поддршката е веднаш достапна, односно корисниците се што треба е да ја имаат најновата верзија од Bitwarden, додека на Android поддршката е додадена во бета верзијата од апликацијата.
Како што би се очекувало, сите клучеви кои корисниците ги имаат се достапни на нивната сметка, односно функционираат на сите видови на уреди без разлика каде се креирани.