Фото: Dell

XPS брендот од Dell до минатата година на корисниците им овозможуваше лесно препознавање на одлични лаптоп компјутери кои се издвојуваат од останатата понуда на компанијата. 

Dell сепак одлучија да го откажат овој бренд, барем како име, па сите нивни компјутери беа ставени во ново и поедноставено брендирање, односно наместо XPS, Inspiron, Latitude, Dell најавија дека ќе има само Dell, Dell Pro и Dell Pro Max. 

На CES 2026 настанот, Dell ја донесе една од подобрите одлуки, па повторно го враќа XPS брендот, овој пат уште повеќе истакнат на нивните лаптоп компјутери со ставање на логото  на централно и видно место, каде досега стоеше Dell логото. 

Фото: Dell

Со оваа новина Dell XPS станува директна и одлична конкуренција на MacBook, лаптопи кои продолжуваат да ги поставуваат стандардните на пазарот, нешто што донесе одлични уреди од конкурентите. 

Новите Dell XPS доаѓаат со две големини за почеток, односно XPS 14 и XPS 16, а за подоцна во годината се најавува и пуштање на XPS 13. 

Овие нови модели доаѓаат со подобрувања кај сите карактеристики во споредба со претходните генерации, а тоа посебно може да се забележи кај дебелината и тежината. Овие XPS лаптопи се потенки и полесни, а од Dell истакнуваат дека дел од нив имаат подобри димензии и тежина и од MacBook Air со 13 инчен екран. 

Dell ги најавува новите XPS лаптопи како целосно редизајнирани, со подобар квалитет, изработени од CNC алуминиум и Gorilla Glass, заедно со Inte Core Ultra Series 3 и Intel Arc Xe графика со 12 јадра. 

Во објавата Dell најави и претставување на нови Alienware лаптопи, како и нови UltraSharp монитори.