DuckDuckGo, познати по тврдењето дека ја ставаат приватноста на корисниците пред се’, за првпат претставија платен сервис. Privacy Pro им донесува на корисниците кои повеќе се „грижат“ за својата приватност дополнителни сервиси кои не се достапни на досега бесплатниот DuckDuckGo.

DuckDuckGo Privacy Pro вклучува три сервиси, односно VPN, Personal Information Removal и Identity Theft Restoration.

VPN сервисот ќе биде достапен само преку DuckDuckGo прелистувачот, односно нема да биде достапен како посебна апликација која ќе може да се користи за целиот систем на корисникот.

Овој VPN додава уште едно ниво на заштита при „сурфањето“ кое не им е достапно на корисниците, а тоа е заштита на IP адресата. Што се однесува до останатите функции, се работи за прилично класичен VPN, што значи корисниците добиваат шифрирана комуникација која не можат да ја видат ниту интернет операторот, ниту било кој друг.

Тоа по што се разликува овој VPN е што е развиен од страна на DuckDuckGo, а не од трета страна како што повеќето конкуренти функционираат. Тоа значи дека доколку им верувате на DuckDuckGo, нема потреба да проверувате со кој партнер функционира некој нивни сервис.

DuckDuckGo секако истакнуваат дека немаат пристап до комуникацијата на корисниците и не чуваат никакви „логови“ кои можат да бидат поврзани со конкретен корисник.

DuckDuckGo VPN сервисот е направен на основа на познатиот и со одличен углед протокол WireGuard, кој се смета за доста брз и безбеден.

Другите два сервиси кои се дел од Privacy Pro овозможуваат тргање на личните информации кои се достапни на одредени страни, како и исправка на штетата која е настаната по кражба на идентитетот, односно личните информации на корисникот.

Оваа нова претплата за почеток е достапна само за корисниците во САД со месечна претплата од 9,99 долари, а во иднина се најавува достапност и во други земји.

ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2DuckDuckGo
Претходна статијаBransys подарува бесплатни влезници за WasteExpo 2024 во Лас Вегас
Следна статијаПовисокиот аудио квалитет кај Spotify изгледа конечно ќе пристигне оваа година
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.