Фото: Shutterstock.com

Уште малку и ќе заборавевме дека Елон Маск во декември минатата година објави анкета за тоа дали да остане на позицијата главен извршен директор на Twitter. На анкетата гласаа повеќе од 17 милиони корисници од кои скоро 58% гласаа „за“, по што Маск најави дека ќе ги послуша корисниците и ќе се повлече од позицијата, но кога ќе најде некој кој е доволно „будалест“ да ја прифати работата.

Во текот на вчерашниот ден Маск објави дека има вработено нов извршен директор и дека таа ќе започне со работа за околу шест недели. Покрај тоа што од објавата е јасно дека се работи за жена, тој сепак не се одлучи да го објави нејзиното име, па ќе мора да почекаме додека тоа официјално не биде направено.

За тоа што Маск се’ уште не е спремен да го направи, тука се неофицијалните извори кои веќе го имаат името на наредниот директор, поточно директорка на Twitter.

Наводно се работи за Линда Јакарино, која моментално е директор за рекламирање во NBCUniversal.

За неа се истакнува дека е во добри односи со Маск и дека во неколку наврати има пишувано позитивно за него. Тие наводно се со слични ставови и политички гледишта, а Јакарино има истакнато дека ја сака оваа работа, која на крај Маск и ја има понудено.

Зошто нејзиното име се’ уште не се објавува официјално не е познато, а можно е да преговорите уште траат.

Како што најави и по анкетата минатата година, по назначувањето на новата директорка, Маск ќе продолжи да е ангажиран во Twitter на позициите извршен претседател на одборот на директори, како и на позицијата главен технички директор (CTO).

ИЗВОРEngadget
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаВештачката интелигенција доаѓа на Android да помогне со пораките и прилагодувањето на уредот
Следна статијаBing можно е да го замени Google како главен пребарувач во Firefox
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.