Европската Унија треба да започне процес на донесување на нов закон, нешто што веќе се обиде да го направи минатата година. Овој закон, сега „спакуван“ малку поразлично, односно со различна терминологија, може слободно да се каже дека е еден од полошите од унијата која сака да се претставува себеси како заштитник на корисниците.
Законот планира да воведе таканаречено „модерирање на содржината што се прикачува“, односно „upload moderation“. Целта е да се скенира за содржината која содржи детски сексуални материјали, па затоа и на прв поглед делува дека се работи за добар закон.
Сепак, за да може да се овозможи едно вакво скенирање, целосно се нарушува заштитата која ја овозможуваат апликациите за шифрирани разговори. Системот треба да прави скенирање на пораките пред тие да бидат шифрирани, што слободно може да се каже дека законот предвидува корисниците на нивните уреди да имаат „spyware“ или „backdoor“.
Доколку вакво нешто успешно се донесе во форма на закон, слободно може да се каже дека и официјално не постои приватност на интернет, нешто што и сега е дискутабилно.
Се верува дека обидот за протнување на овој закон кој веќе еднаш не доби поддршка се изборите во ЕУ и вниманието насочено кон случувањата околу нив.
Реакција на оваа најава има и претседателката на Signal, една од најпознатите апликации за шифрирани разговори, Мередит Витакер, а заедничка изјава објавија и организациите како Mozilla, EFF, Signal и други предупредувајќи за опасностите од еден ваков закон.