Gemini апликацијата, после можноста за генерирање на слики и видеа, сега ја добива можноста за генерирање на аудио, односно музика. Оваа новина стана достапна во бета верзија, а можат да ја пробаат сите корисници.
Оваа нова функција на Gemini доаѓа преку Lyria 3 јазичниот модел, кој е најновиот јазичен модел за генерирање на музика од Google DeepMind.
Генерирањето на музика функционира како и другите функции на Gemini, односно корисниците се што треба е да напишат одредено барање за тоа каква музика би сакале, па „четботот“ ќе генерира се што е потребно, од мелодија, до текст, па дури и видео со Nano Banana јазичниот модел.
Музиката може да биде генерирана и врз основа на некоја слика која ќе ја прикачат корисниците, па добар пример даваат од компанијата дека ова е одличен начин да се направи музика за слики од некое патување.
Генерираното аудио е ограничено на 30 секунди, па јасно станува дека од Google немаат за цел корисниците да почнат да прават цели песни, а резултатите како и за другите функции, се означени како направени од страна на вештачката интелигенција.









































