Nearby Share, функцијата на Android која овозможува споделување на датотеки помеѓу овие уреди, од март оваа година стана достапна за корисниците на Windows. Пуштена во бета форма, апликацијата им овозможува на корисниците искуство какво што имаат корисниците на Apple и познатата AirDrop функција.

Апликацијата сега официјално е достапна, односно Google ја тргна бета ознаката и ја пушти првата верзија од Nearby Share за корисниците на Windows.

Исто како и со AirDrop, уредите со помош на Nearby Share се што треба е да се во близина еден со друг, па преку Bluetooth се воспоставува конекцијата и датотеките се префрлуваат преку Wi-Fi.

За корисниците кои префрлуваат датотеки од нивните уреди, односно помеѓу уреди најавени со истата Google сметка, прифаќањето на трансферот е автоматско.

Префрлување е можно на било какви датотеки, но од Google истакнуваат дека секогаш најпопуларни се сликите и видеата. Од пуштањето на бета верзијата од апликацијата досега биле префрлени повеќе од 50 милиони датотеки, од страна на 1,7 милиони корисници.

Со пуштањето на официјалната верзија за сите корисници, истата добива и неколку новини. Покрај подобрувањето на стабилноста и брзината на трансфер, корисниците сега можат да гледаат до каде е префрлувањето на датотеките, како и да ја видат сликата во самото известување, пред да почне трансферот.

ИЗВОРGoogle
Претходна статијаНовиот Outlook доаѓа пред-инсталиран во најновата тест верзија од Windows 11
Следна статијаМожно одложување на iPhone 15 серијата до октомври
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.