Минатата година можевме да прочитаме за оваа можност преку откритие во кодот на Android, а сега Google и официјално ја додаде можноста за споделување на датотеки помеѓу Android уредите и iPhone.
Ова може да се каже дека е голема вест, а во главно поради затвореноста на Apple, па оваа функција е направена без соработка со компанијата, односно Google самите успеваат да ја развијат.
Споделувањето на датотеки, слики, линкови и слично, се прави преку Quick Share на Android и AirDrop на iOS. Сега овие два системи ќе можат да функционираат заедно, а на страната на iPhone корисниците ќе треба да го вклучат споделувањето во режим за сите до 10 минути за да може да функционира.
Ова значи дека иако корисниците може да се во листата на контакти помеѓу себе, сепак функцијата нема да функционира како iPhone со iPhone, но и ова е голема придобивка за корисниците.
Од Google посебно истакнуваат дека имаат внимавано на безбедноста на функцијата и протоколот, па дури истите се проверени од независна страна.
Засега нема информација за тоа кога оваа функција може да се очекува да биде целосно додадена во Android кодот, односно кога ќе може да се очекува да дојде и кај Samsung уредите, како и другите Android уреди.
Quick Share функцијата на Android е развиена во соработка со Samsung, па поранешната Nearby Share стана Quick Share од минатата година, нешто што ја тргна забуната за доста корисници, стандардно кога се имплементирани две решенија во еден уред.











































