Фото: Shutterstock.com

Најновата тест верзија од Google Chrome од Canary каналот донесува поддршка за Windows на ARM чиповите, нешто што не беше додадено кај овој прелистувач уште за овој систем. Chrome на Linux и macOS одамна има изворна ARM верзија, но со оглед на ситуацијата на Windows, не изненадува што тоа се случува дури сега.

Пуштањето на изворна верзија од Chrome за Windows компјутерите кои работат на ARM чип за корисниците значи донесување на стандардното корисничко искуство кое им е достапно на компјутерите со Intel чипови. Тоа значи дека Chrome веќе нема да функционира преку емулатор, па апликацијата ќе функционира директно со што ќе овозможи подобри перформанси.

Причината поради која Google дури сега се одлучи на овој чекор е прилично позната. Microsoft со години се обидува да го направи тоа што Apple го направи со нивните нови MacBook компјутери и M чипови, но без некој посебен успех, односно баш обратното.

Windows на ARM никогаш не доби доволно сериозна поддршка, како од програмерите на апликации, така и од Microsoft.

Ова почна да се менува со Windows 11, а конечно оваа година ќе видиме посериозни компјутери со Windows на ARM поради претставувањето на Snapdragon X Elite од страна на Qualcomm. Овој чип се најавува дека ќе биде првата сериозна конкуренција на М од Apple, а според Qualcomm нивниот чип го надминува тој од конкурентот.

Во наредните неколку месеци се очекува да почнат да излегуваат и првите лаптоп компјутери со овој чип од Qualcomm, па Windows конечно да добие добар избор на мали и лесни компјутери со долго траење на батеријата и одлични перформанси.

Мора да се истакне дека и Intel ќе донесе добра конкуренција на овој план, иако не со ARM чипови. Нивните нови Core Ultra процесори треба да овозможат добра понуда на овој тип на лаптопи, па Windows после неколку години изгледа ќе почне да му конкурира на MacBook.

Google во месеците што следат ќе ја донесе поддршката за ARM во финалната верзија од Chrome, таман на време додека почнат со продажба новите лаптоп компјутери. Тие кои веќе имаат Windows со ARM, можат да ја симнат Canary верзијата и да ја пробаат новата изворна верзија.

ИЗВОРWindows Central
Претходна статијаDARPA избра компанија која ќе го направи нивниот концепт на авион без движечки делови
Следна статијаСе гаси 3G технологијата којашто ја донесе интернет ерата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.