Google Wallet станува достапен во 5 нови земји, меѓу кои и нашата. Ова значи дека корисниците сега ќе можат да ја симнат апликацијата, во неа да додадат платежна картичка и да плаќаат со нивниот телефон на продажните места каде што има поддршка за истото.

За да се користи апликацијата за плаќање, телефонот треба да има NFC, а на повеќето корисници веќе им е познат овој начин на плаќање кој неколку банки го нудеа преку нивните апликации и Google Pay интеграцијата.

На оваа страна од Google може да се види кои банки и за кои нивни картички имаат поддршка за Google Wallet и во нашата земја стои само НЛБ Банка со двете достапни картички, односно Mastercard Credit или Debit, како и Visa Credit или Debit.

Со достапноста на Google Wallet очекуваме дека и останатите банки ќе се заинтересираат да ја додадат својата поддршка.

ИЗВОР9to5Google
ИЗВОР 2Google
Претходна статијаЕвропската Комисија може да побара од Google да продаде дел од својот бизнис со реклами
Следна статијаЕвропскиот институт за иновации и технологија отвори иновациски центар во Македонија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.