На вчерашниот настан на кој Huawei претстави нови уреди кои работат на HarmonyOS, се дозна и дека овој оперативен систем од овој месец ќе дојде и кај смартфоните. Покрај ова, при крајот на настанот беше прикажан краток „тизер“ за новата P50 серија од компанијата.
Од тоа што можеше да се види, може да се заклучи дека P серијата од Huawei останува на врвот и донесува новини кои на корисниците им ги овозможуваат едни од најдобрите уреди на пазарот кога е во прашање камерата.
Huawei веќе се познати под одличните камери, а со P50 можеме само да очекува носење на оваа позиција на целосно ново ниво.
Од компанијата не дадоа нешто повеќе информации за новата серија, па останува само да се донесуваат заклучоци врз основа на краткото видео. Исто така, уште не е точно познато кога може да ја очекуваме серијата, а тука секако влијае блокадата од страна на САД, но и недостатокот на чипови на светско ниво.

Од тоа што може да се види, јасно е дека P50 ќе донесе најмногу новини во делот и по кој е позната оваа серија, а тоа е камерата. Изминатите години стана стандардно да модулите за камерите стануваат се поголеми, па натпреварот може да се каже дека е во дизајнот, а секако и во квалитетот на сликите.
Huawei P50 серијата ќе дојде со 4 камери на задната страна, како што може да се заклучи од видеото, а тие ќе бидат поставени во големи и одлично дизајнирани кружни модули.
Покрај тоа, може да се забележи дека ќе има две „флеш“ сијалички, па ќе биде интересно да се види што од компанијата имаат спремно како можност.
Leica како и досега се гледа дека е одговорна за леќите на камерите, па соодветно може да се смета на стандардниот за Huawei квалитет.