Instagram Reels видеата добија можност да бидат симнати и зачувани на уредот на корисникот. Ова секако се однесува на јавните видеа, а приватните ќе останат без оваа можност.
Сопствениците на профилите кои објавуваат јавно ќе ја имаат можноста да изберат дали сакаат нивните Reels видеа да можат да бидат симнати, што значи дека останува можноста тие да ги „заштитат“ нивните видеа.
Можноста за симнување на видеата е достапна преку „Share“ иконата во чие мени сега е додадено копчето „Download“. По симнувањето, видеото ќе биде достапно на уредот од корисникот, односно во галеријата со останатите слики и видеа.
Оваа можност, која повторно се поврзува со TikTok, е корисна за тие кои сакаат да ги споделат овие видеа со луѓе кои немаат Instagram, како и за тие кои би сакале дополнително да ги изменат со друга апликација.
Новината ја објави главниот на Instagram во Meta, Адам Мосери, преку неговиот Instagram профил, односно Broadcast функцијата.