Последниот уред кој остана од вчерашниот настан на Apple е новата генерација од iPad Air. Овој таблет доаѓа со едни од подобрите перформанси кај еден ваков уред, во за денешно време веќе мал формат од 10,9 инчи.

Две карактеристики се главни кај оваа нова генерација од одличниот iPad Air, а тоа се намалените рамки околу екранот, кој исто така е зголемен на 10,9 инчи, како и најновиот чип од Apple, А14 Bionic.

Со ова iPad Air влегува во категорија на доста „брз“ уред кој ќе им конкурира на голем дел од лаптоп компјутерите на пазарот. Овој лаптоп значи дека ќе може да се користи за многу повеќе од обично „лежење“ и кликање по апликациите за занимација. iPad Air ќе може да ги искористи се повеќе достапни апликации во категоријата на Photoshop и слични, наменети за повеќе професионална работа.

iPad Air соодветно ќе има поддршка за Apple Pencil, а ќе може да му се додаде и одличната тастатура од Apple Magic Keyboard која доаѓа со „лебдечки“ дизајн, односно таблетот така се постава на истата што се добива впечаток како да лебди кога се гледа од предната страна.

Оваа тастатура доаѓа и со trackpad, што значи дека за одредени корисници овој уред ќе биде се што е потребно и може да ја замени потребата од лаптоп компјутер.

iPad Air исто така доаѓа со подобрена задна камера, која сега има 12 мегапиксели, а поради намалените рамки на екранот, сензорот за отпечатоци се наоѓа на копчето за отклучување од страната на уредот.

Почетната цена на iPad Air ќе биде 599 долари, додека моделот со мобилна конекција ќе се продава за 729 долари.

ИЗВОРApple
Претходна статијаВлезете во светот на ЗОО Скопје преку екранот на вашиот смартфон
Следна статијаУтре почнува 19. издание на Фестивалот на Европски Филм – CINEDAYS
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.