Facebook Messenger апликацијата доби нова функција која на познатите emoji икони им додава звук и со тоа ги прави поинтересни во комуникацијата. Не сите икони добиваат своја звучна верзија, па за почеток се достапни само нешто повеќе од 20 икони.
До Soundmojis, како што ги нарекуваат од Facebook, се стига со притискање на иконата за emoji, па на новиот дел чие копче е направено во форма на звучник. Тука ќе биде прикажана првата икона, а со повлекување надолу ќе може да се видат останатите.

Како Sonudmojis се преработени некои од најчесто користени emoji икони како смеење, аплауз, но додадени се и одредени икони со звуци од познати и актуелни филмови.
Од Facebook истакнуваат дека со тек на време листата на достапни Soundmojis ќе се зголемува.