Пред врвот на пазарот на смартфони да го преземат 2-3 компании, LG беше една од најпознатите која претставува Android телефони. Телефоните на оваа компанија беа доста популарни, па се чини како наеднаш пазарот да се насочи кон помал број на компании.
Во меѓувреме LG продолжи да претставува телефони, некои од нив со интересни додатоци, но не успеа да направи некакво посебно влијание на пазарот. Добро е што од компанијата решија да се активираат, наместо да се откажат, па тие најавија нови дизајн правила за нивните нови телефони кои ќе треба да ги издвојат од конкуренцијата и да ги направат препознатливи.
Главната новина која ја истакнуваат е поврзана со поставеноста на камерите на задната страна. LG реши да оди спротивно на трендот и тоа го кажува директно, а трендот моментално е големи и истакнати модули за камерите како што е случајот со iPhone 11, Google Pixel 4, Samsung Galaxy S20.

За разлика од трендот, LG ќе ги постави камерите подредени на таков начин да тие потсетуваат на капи од дожд, па соодветно се наречени „raindrop“. За да се постигне тој ефект, првата камера е најголема и единствена која е истакната, па секоја наредна камера е помала, а се завршува со „флешот“.
Покрај ова, LG го најави и 3D Arc Design на страните од уредот. Тие се заоблени и симетрични на предната и задната страна со помалку агли. Ова треба да придонесе покрај за подобар изглед и за подобро чувство при ракување со уредот.
Резултатот на овие дизајн правила треба да ги видиме наскоро со нови телефони.