За нешто помалку од месец дена се очекува претставувањето на наредната генерација од iPhone. Како што веќе е познато, не се очекуваат некои поголеми промени, па iPhone 16 серијата во главно ќе изгледа како и претходните неколку години.
Марк Гурман во неговиот најнов неделен билтен навлегува во што е тоа што може да се очекува од iPhone во септември, но и идната година.
Тој потврдува дека iPhone 16 серијата нема да има некои посебни новини, а поради тоа и не очекува некоја посебна продажба, односно само задржување на стабилната продажба од досега.
Тоа што според него ќе биде главно при промоцијата на iPhone 16 серијата е Apple Intelligence, додавањето на Action копчето кај основните модели, додавањето на ново копче за сликање кај Pro моделите, како и мало зголемување на нивните екрани и нови бои.
Гурман го најавува претставувањето на нов iPhone SE модел за идната година кој според него ќе изгледа како iPhone 14 и ќе дојде со поддршка за Apple Intelligence.
Продажбата на iPhone Гурман очекува дека ќе се зголеми идната година поради два нови модели. Едниот е SE моделот кој се очекува за пролет, а вториот е тенок iPhone кој веќе можевме да прочитаме дека треба да го земе местото на iPhone Plus моделот.
Овој iPhone Air, како што најчесто се нарекува поради сличноста со поставеноста помеѓу модели како што е MacBook Air, треба да дојде со доста мала дебелина, а од аспект на карактеристиките да биде послаб од Pro моделите.
Гурман го најавува како телефон кој ќе им биде понуден на корисниците како доволно различен, за тие на кои тоа им прави разлика, но не им се потребни најдобрите перформанси од Pro моделите.
Во билтенот Гурман навлегува и во неуспехот на Apple сите четири модели да им бидат популарни, па не потсетува на неуспехот на iPhone 12 mini од пред некоја година, по што беше претставен iPhone Plus, но и тој не го привлекува вниманието на корисниците доволно.