hero-mobile-windows-nokia

Доколку се’ уште сте корисник на некој од уредите кои што работат на веќе постарата верзија од Windows Phone, односно 7-ма верзија, веќе нема да можете да го користите Skype. Оваа апликација веќе нема да биде достапна во продавницата за апликации за овие корисници, па доколку ја немате инсталирано, тоа веќе нема да можете да го направите. Доколку сте корисник на Skype на оваа платформа, за неколку недели нема да можете да се најавите на вашата сметка, односно апликацијата веќе нема да функционира.

Се разбира од Microsoft ова го оправдуваат со желбата да го овозможат најдоброто можно корисничко искуство на своите корисници, па затоа што тоа можете да го добиете преку некој од поновите уреди со понова верзија од оперативниот систем, ви останува да го промените вашиот уред. Ваквите одлуки обично имаат и негативни последици, па одредена бројка од корисниците ќе се одлучат за некоја од другите платформи, како Android или iOS.

Доколку користите некаква претплата на Skype, а не го користите сервисот на некоја друга платформа или не планирате да купите уред кој што работи на понова верзија од Windows Phone, од Microsoft препорачуваат истите да ги откажете. За да проверите дали ви следува одредено враќање на средства или добивање на кредит, од компанијата препорачуваат да ја контактирате корисничката поддршка.

Дали сте корисник на Windows Phone 7 и дали оваа одлука е нешто што ќе ви го наруши корисничкото искуство ?

Извор: Skype

Претходна статијаWindows 9 ќе вклучува виртуелни десктоп површини, ќе ја исклучи Charms лентата
Следна статијаEnd-to-end PGP енкрипција на Yahoo Мail пораките до 2015
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.