surface-2

Microsoft ќе одржи „мал“ настан на 20-ти Мај, како што стои во поканите испратени до медиумите, во New York и ќе започне од 17:00 часот според македонско време. Поканата е во стилот на повеќето вакви покани, односно од неа не може ништо конкретно да се види за тоа што ќе биде настанот, па поради шпекулациите кои што кружат одреден период, а и употребата на зборот мал настан, се очекува претставување на Surface Mini таблет компјутерот.

Дали Surface Mini ќе биде претставен на овој настан, ќе видиме многу брзо. Како и да е, со оглед на успехот на таблет компјутерите од мини категоријата, односно уредите со големина од 7-8 инчи, логично е да се очекува и Microsoft да проба да влезе на тој пазар. Покрај другите успешни модели, со големиот успех може да се издвојат iPad mini од Apple и Nexus 7 од Google.

surfaceinvite

Интересно ќе биде да се види дали Microsoft на таквиот таблет ќе се одлучи да ја стави RT верзијата на Windows 8, што сигурно би ја намалило популарноста, посебно сега кога бројот и квалитетот на апликации е се’ уште е мал. Без доволно апликации, RT верзијата од Windows 8 нема што многу да понуди, па повеќето други производители кои што претставуваат 7 или 8 инчни Windows 8 таблет компјутери, се одлучуваат за целосната верзија од оперативниот систем користејќи ја новата генерација од Atom процесорите кои што се имаат покажано многу подобро од претходната генерација.

 

Претходна статијаGoogle ги претстави Docs и Sheets, ја тргна можноста за измена на документи од Drive
Следна статијаDuckDuckGo, пребарувачот што не ве следи, со нов дизајн и функции
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.