Потег на компанијата кој што беше очекуван и неофицијално најавен на интернет порталите и весниците во САД. Денеска од компанијата официјално ги известија вработените и медиумите дека се планирани 18.000 отпуштања кои што треба да се случат во наредните година дена. 12.500 од вкупната бројка на отпуштени вработени ќе биде од Nokia кои што се приклучија на компанијата донесувајќи 25.000 нови вработени, што значи дека половина од тие Microsoft решава да не ги задржи, што поради поклопување на работни места, што поради реорганизација.
Во првата фаза ќе бидат отпуштени 13.000 вработени кои што ќе бидат известени за одлуката во наредните 6 месеци. Директорот на компанијата Satya Nadella, кој што ги извести сите вработени преку email испратен до нив, ги информира дека отпуштените вработени ќе добијат отпремнини, како и дека ќе им биде помогнато во нивното натамошно барање на вработување во други компании.
Satya Nadella исто така најавува дека ќе биде намален и реорганизиран и менаџерскиот систем во компанијата, вклучувајќи го вертикалниот и хоризонталниот. Тоа треба да придонесе до побрз проток на информации, што ќе придонесе до подобро и побрзо работење на компанијата.
По доаѓањето на Satya Nadella на чело на Microsoft најави дека планира да воведе клучни и суштински промени во компанијата која што почна да го губи чекорот со конкуренцијата. Намалувањето на вработените и реорганизацијата на компанијата е голем дел од неговата стратегија, па останува да се види какви резултатите ќе донесат неговите одлуки.
Што мислите вие за оваа одлука на Microsoft да го намали бројот на вработени за бројка која што во нашата земја не може да се достигне ни како вкупна бројка на вработени ?
Извор: WPCentral, Microsoft 1, Microsoft 2, PCWorld