Фото: Shutterstock.com

Безбедносните закани кои може да се очекуваат оваа година не е чудно што во главно доаѓаат од развојот на генеративната вештачка интелигенција. Од крајот на 2022 година, па со целосна популарност минатата, ВИ навлезе во голем дел од производите и ни покажа што можеме да очекуваме во иднина.

Заканите кои доаѓаат од овој развој ги истакнува безбедносниот експерт Мико Хипонен, а истите ги има пет.

Првата закана е од лажните слики и видеа, односно од таканаречените deepfakes. Според Хипонен, оваа година може да се очекува раст на измами врз основа на лажни слики, измами поврзани со крадење на идентитетот, а со тоа и финансиски средства и слично.

Deep scams, односно измами направени со помош на вештачката интелигенција е уште една закана која се очекува дека оваа година ќе стане проблем. Во овој случај се мисли на измами како што се „фишинг“ измами, инвестициски измами, измами со недвижнини, карти за настани и слично. Во основа, генеративната вештачка интелигенција е тука да ги смисли и реализира измами на било која тема на илјадници луѓе.

Наредната закана е искористувањето на ВИ, поточно големите јазични модели за креирање малициозен софтвер. Вештачката интелигенција се користи за откривање на ваквиот софтвер, но секако истата може да се искористи и за негово пишување, како што веќе се користи за пишување на обичен код.

Вештачката интелигенција ќе се користи и за откривање на таканаречените „zero-day“ безбедносни пропусти кај софтверот, па хакерите имаат алатка која ќе може многу брзо да ги открива овие пропусти, за тие побрзо од досега да ги искористуваат.

Автоматизирање на малициозниот софтвер е последната закана која Хипонен ја истакнува. Ова во основа значи прифаќање на стилот на работа на безбедносните компании од страна на хакерите, па наместо се што прават да е мануелно, вештачката интелигенција ќе им овозможи автоматизација.

Мико Хипонен смета дека голем дел од заканите можат да бидат спречени или намалени, но останува фактот дека интернетот ќе биде поразлично место од развојот на генеративната вештачка интелигенција.

ИЗВОРTNW
Претходна статијаSticky Notes во Windows дојде на ред да добие надградба
Следна статијаШтипските ученици ќе се здобијат со знаења за врсничко насилство во кампањата на „Макпетрол“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.