Утре ќе биде интересен ден, барем за тие што ги следат настаните што ги организираат големите IT компании, како Apple, Nokia, Microsoft, Google… Да ве потсетиме, утре е закажан настанот на Apple кој ќе се одржи во 19:00 часот според македонско време.
За утре настан најавија и од Nokia, кој ќе се одржи во Abu Dhabi во 9:00 часот по македонско време. На овој настан се очекува да бидат претставени 6 нови уреди, некои од нив веќе одреден период очекувани. Како што е практика со настаните организирани од другите компании, така и за овој настан нема официјална најава за тоа што точно ќе биде претставено, па ќе ви претставиме што е тоа што се очекува.
Phablet – телефон/таблет (Lumia 1520)
Овој телефон се очекува да има 6 инчен Full HD екран, Qualcomm Snapdragon 800 со 2.2 GHz quad-core процесор и Adreno 330 графички процесор. Ќе вклучува 2 GB RAM меморија, како и избор од 32 GB и 64 GB вграден простор. Камерата треба да биде со 20 мегапиксели од серијата PureView. Ова треба да биде првиот уред кој ќе дојде со инсталирана третата надградба на Windows Phone 8, наречена update 3 или GDR3.
Таблет компјутер (Lumia 2520)
Ова треба да биде првиот таблет компјутер од Nokia и истиот ќе работи на Windows 8.1 RT верзијата. Ќе дојде со 10.1 Full HD екран со екран на допир на 5 точки.
Ова се двата уреди кои би привлекле најмногу внимание на утрешниот настан. Меѓутоа покрај нив, се очекува дека Nokia ќе претстави нови модели од нешто послабите модели од сериите Lumia и Asha. Се очекува да бидат претставени Lumia 1320 и 525, наследници на моделите 625 и 520. Од Asha серијата се очекуваат моделите 500, 502 и 503.